Голема почит за нашите навивачи, Диего Симеоне изненадува со реакцијата кон оние што го навредија Хулијан Алварез

Атлетико Мадрид ja започна новaтa сезонa во Ла Лига со победа од 2-0 над Малага на „Метрополитано“. Во последните минути од натпреварот, група ултраси упатија навредливи повици кон Хулијан Алварез, што не беше поддржано од останатите навивачи на стадионот.
Она што изненади најмногу беше одговорот на Диего Симеоне по завршувањето на натпреварот кога беше запрашан за оваа ситуација. „Голема почит за нашите навивачи“, кратко одговори аргентинецот.
Во овој контекст, одговорот на „Ел Чоло“ предизвика дебати, бидејќи тој секогаш бил тврдокорен поддржувач на Хулијан Алварез, дури и во тешките времиња од минатата сезона, кога четири месеци не постигна гол во Ла Лига.
Сепак, јавно изразената желба на „Пајакот“ да се пресели во Барселона, изгледа создаде некој вид јаз меѓу него и тренерот Диего Симеоне.



