Фудбал
Голема трагедија, почина млад фудбалер, поранешен член на Арсенал, откако удрил со глава во бетонски ѕид во близина на фудбалскиот терен

Младиот фудбалер Били Вигар, поранешен член на младинската школа на Арсенал и играч на англискиот Чичестер Сити, почина во четвртокот на 21-годишна возраст, откако здоби тешка повреда на главата на натпревар минатиот викенд.
Вигар на натпреварот против Финчли во рамки на Истмијан лига Премиер дивизија (седмо ниво на англискиот фудбал) удрил со глава во бетонски ѕид. По несреќата бил ставен во индуцирана кома, а во вторникот беше подложен на операција за да му се зголемат шансите за опоравување. Сепак, и покрај сите напори на лекарите, младиот фудбалер почина во четвртокот наутро.
„По тешката повреда на мозокот, Били беше во индуцирана кома. Во вторникот имаше операција која даде одредени резултати, но повредата беше премногу сериозна и го загубивме“, соопшти семејството на Вигар.
Everyone at Arsenal is devastated by the shocking news that former academy graduate Billy Vigar has passed away.
All our thoughts are with his family and loved ones at this time.
Rest in peace, Billy ❤️
— Arsenal (@Arsenal) September 25, 2025
Били пристигна во Арсенал на 14-годишна возраст, а седум години настапуваше за помладите категории на лондонскиот клуб.
Од Арсенал се простија од својот поранешен фудбалер со трогателна порака:
„Освен што беше голем талент, Били секогаш ќе биде запаметен по љубовта кон спортот, гордоста што го носеше нашиот дрес – самиот рече дека тоа му бил најважниот ден во животот – и по својата личност поради која беше омилен меѓу соиграчите и тренерите. Нашите мисли се со неговото семејство и најблиските во овие тешки моменти“, порачаа од Арсенал.