Голема трансфер бомба на самиот крај од преодниот рок ќе ја потресе Англија?

Летниот преоден рок е при крај, а Кристијано Роналдо се уште не успеал да го напушти Манчестер Јунајтед.
Роналдо на крајот од минатата сезона изрази желба да го напушти Манчестер Јунајтед ова лето, иако пред само една година се врати во овој клуб.
Португалецот е незадоволен што Јунајтед не се пласираше во Лигата на шампионите и целта сезонава му е да игра за клуб кој се натпреварува во најелитното клупско натпреварување во светот.
Роналдо ги пропушти речиси сите подготовки бидејќи чекаше трансфер и се надеваше дека Јунајтед ќе го пушти, но проблемот беше што ниту еден друг клуб не покажа желба да плати отштета за него.
Дури се шпекулираше дека „црвените ѓаволи“ ќе го раскинат договорот со Роналдо, но сепак ништо конкретно не се случи.
Португалецот го загуби местото во стартната постава, а многумина веруваат дека навистина ја нарушил атмосферата во соблекувалната со своето однесување и избегнувањето да оди на подготвителната турнеја во Азија и Австралија.
Летниот преоден рок завршува за само неколку дена, а англиските медиуми пишуваат дека Роналдо конечно би можел да прими чудо и да го оствари трансферот што го чека со месеци.
Очигледно повторно во игра е заминувањето на Роналдо во Челзи, со кој беше поврзуван пред неколку недели. Сините потоа се откажаа од Роналдо и приоритет им беше Пјер-Емерик Обамејанг, но се чини дека трансферот на напаѓачот на Барселона дефинитивно пропадна.
Како што утрово објави Мирор, челниците на Челзи повторно се заинтересирани за Роналдо бидејќи навистина им треба вистински напаѓач во тимот. Одењето во Челзи беше цел на Роналдо од самиот почеток и сега се врати во игра за да го оствари тоа.
Jorge Mendes 'pushing' Chelsea to bid for Ronaldo #mufc https://t.co/v8dWt14V2c pic.twitter.com/Lao5Z1CfjM
— Man United News (@ManUtdMEN) August 29, 2022
Овој пат на Челзи нема да му биде проблем да плати околу 15 милиони евра за него бидејќи немаат време за размислување и итно треба да доведат напаѓач. Обамејанг им расипа се, но се чини дека Роналдо би можел да биде светлината на крајот од тунелот за сините.
Челзи го чекаат многу пеколни денови на крајот од преодниот рок, а многу брзо ќе дознаеме дали Роналдо ќе заврши на „Стемфорд Бриџ“ или ќе биде некој друг напаѓач.



