Connect with us

Фудбал

Големиот пријател на Куман ги загрижи „црвените“ со изјавата за Мохамед Салах

Барселона бара нов напаѓач, а ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, наводно е една од желбите. Иако ова засега изгледа невозможно, поранешниот играч на Ајакс и пријател на Роналд Куман, Сјак Сварт, тврди дека знае дека Египќанецот сака да оди во Барселона.

Сварт не откри од каде ги добил овие информации, но како некој што е многу добар пријател со новиот тренер на Барселона, тој сигурно ги загрижи сите во Ливерпул, велејќи дека желбата на Салах е да игра во Барселона.

„Знам дека Куман го посакува и знам дека Салах би сакал да се пресели во Барселона“, изјави Сварт, пренесува холандскиот „Воетебалзон“.

Барселона и претходно покажуваше интерес за Садио Мане во Ливерпул, но во овој момент тие повеќе би сакале Салах, кого Куман го обожава и особено го цени.

loading...

Салах постигна хет-трик во победата од 4:3 над Лидс на отворањето на новата сезона во Премиерлигата, постигнувајќи 76 гола за „црвените“ на 109 настапи. Она што може да биде проблем за Барса е големата отштета и договорот на Салах до летото 2023 година.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com