SportM
Фудбал

Големото засилување на Наполитанците го подигна сидрото!

Д М16 јун 2020
Големото засилување на Наполитанците го подигна сидрото!

Големото засилување на Наполи од минатото лето, Хирвинг Лозано, ќе го напушти клубот на крајот на оваа сезона, пренесува Кларо Спорт.

Мексиканецот, според истиот извор, побарал од агентот Мина Рајола да пронајде нов клуб и потрагата веќе започна.

Тој пристигна на стадионот „Сан Паоло“ од ПСВ минатото лето во трансфер вреден дури 38 милиони евра.

И покрај тоа што одигра одлични игри во Холандија, тој не беше толку добар во Серија А и во моментов е далеку од тоа, има постигнато само два гола.

Тој реши да не губи повеќе време во овој клуб и да ја смени околината. Претходно се појавија и некои опции за него, а тоа беа Евертон, Манчестер Јунајтед и Атлетико Мадрид.

Иако е играч кој има само 24 години, тој веќе успеа да регистрира 39 натпревари за репрезентацијата на Мексико и да постигне 10 голови. Неговата вредност се проценува на околу 28 милиони евра.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.