Голгетер на златната генерација на Аргентина почина од коронавирус
E R16 фев 2021

Леополдо Џакинто Луке почина како последица и компликации од коронавирусот на 71 годишна возраст во болница во Буенос Аирес. Луке беше еден од најдобрите на Мундијалот во 1978-ма година кога Аргентина ја освои титулата Светски првак.
Во петте натпревари постигна четири голови и беше втор стрелец во редовите на Аргентина зад Марио Алберто Кемпес, кој со шест погодоци беше прв стрелец на тоа Светско првенство.
Најголем печат остави во екипата на Ривер Плата, со која освои пет аргентински титули и постигна 75 голови на 176 натпревари.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



