Connect with us

Ракомет

Голманот на Холандија шокиран по мечот со Македонија: Фрлаа се и сешто, голот беше полн со вода, но така е тоа на Балканот!

Македонската ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз на овогодинешното Светско првенство од селекцијата на Холандија 32:37 (15:18), во второто коло од прелиминарната фаза на планетарното првенство. Прилично тензичен натпревар, полн со тензии со многу исклучувања за нашиот тим, одлуки на данските судии кои баш и не им се допаднаа на македонските навивачи, а сето тоа предизвика голема фрустрација кај споменатите македонски навивачи во Вараждин.

Еден од оние кои најдобро го доживеаја од холандските редови беше голманот Матијас Рекс, кој го сподели своето искуство и настаните од натпреварот:

-Човеку, почнаа да ни фрлаат работи, сè леташе. Никогаш не сум доживеал такво нешто. Очигледно така е на Балканот. Во еден момент кога требаше да ја исфрлам топката по пенал, тие го наполнија голот со вода. Апсолутно лудо! Ова нема никаква врска со ракометот, но понекогаш овие работи едноставно се случуваат“, изјави холандскиот репрезентативен голман Матијас Рекс, а пренесува „Балкан Хандбал“.