SportM
Фудбал

Голманот на Интер усмртил 81 годишен маж откако го удрил со автомобил!

Редакција28 окт 2025
Голманот на Интер усмртил 81 годишен маж откако го удрил со автомобил!

Од Италија денес пристигнуваат трагични вести, откако, според неколку извори, меѓу кои и „Газета“, вториот голман на Интер, Жозеп Мартинес, учествувал во сообраќајна несреќа со смртен исход.

Имено, Мартинес утрово околу 09:40 часот, во близина на тренинг-центарот на Интер во Аппијано Џентиле, во областа Комо, управувајќи автомобил удрил во 81-годишен маж во инвалидска количка.

При ударот, 81-годишникот починал на самото место, иако итната помош и хеликоптерот што требало да го транспортираат во болница пристигнале многу брзо.

Според „Газета“, претпоставката на полицијата е дека постариот маж ненадејно свртел во лентата по која со своето возило се движел Мартинес.
Голманот на „неразурите“ веднаш застанал и му укажал прва помош на човекот, но за жал, спас немало.

По трагичната вест и како знак на жалост, Интер одлучи да ја откаже прес-конференцијата на тренерот Кристијан Киву, која беше закажана за денес во 14:00 часот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.