Connect with us

Фудбал

Голманот на кадетите на Ангола доби награда, никој не верува дека има 16 години

Голманот на У17 репрезентацијата на Ангола Гелсон Дала (16) беше прогласен за најдобар играч на натпреварот во ремито (0:0) против Мали на отворањето на Африканскиот куп на нации за кадети, но неговата одлична партија во која забележа шест одбрани остана во втор план поради неговата фотографија со наградата.

Африканската фудбалска конфедерација објави фотографија од Дала со трофејот за најдобар играч, а социјалните мрежи веднаш „експлодираа“.

Сите веднаш го коментираа изгледот на Дала бидејќи никој не верува дека станува збор за 16-годишник.

Дала настапува за младинските категории, а изгледа значително постаро од официјално пријавените 16 години.

Секако, не требаше долго време за навивачите да почнат со саркастични коментари.

„Веќе е ќелав?“, „Се пријавил на изводот од син му“, „Најстариот У17 играч во светот“, „Можеби мислеле дека игра за У71 екипа?“, „Зумирајте ја фотографијата и ќе видите дека има и седи влакна на главата“, „Овој ја памети и колонизацијата на Африка“, „Постар е од таткото на Јамал“, „Тој игра фудбал веќе 16 години“, „Неговата жена и децата сигурно се горди на оваа награда“ — се дел од најинтересните коментари на објавата на АФК на Твитер.