SportM
Фудбал

Господски потег: Гвардиола испрати писмо до навивачите кои го бодреа Сити во Украина

Д М14 ное 2019
Господски потег: Гвардиола испрати писмо до навивачите кои го бодреа Сити во Украина

Пред еден месец, Манчестер Сити го совлада Шахтјор со 3:0 во првото коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Граѓаните ја започнаа својата сезона најдобро во ЛШ и славеа во Харков со 3-0 против Шахтјор. Головите на овој натпревар ги постигнаа Махрез, Гундоган и Габриел Хесус.

Сити, исто така, ја имаше поддршката од своите навивачи на ова гостување и од клубот соопштија дека 114 од нив решиле да одат во Харков за да ги бодрат граѓаните.

Фантастичен потег направи Гвардиола, кој реши да испрати писмо до секој од оние навивачи што ги бодреа против Шахтар и им се заблагодари.

Ова писмо го објави Дарен Пејџ, кој беше еден од навивачите во Украина, и откри што му напиша Гвардиола.

„Драг Дарен, во среда, 18 септември, вие и 113 други навивачи поминавте долг пат и не бодревте против Шахтјор во Украина. Ја користам оваа прилика да ви се заблагодарам за ова. Мило ние е што ја започнавме сезоната во Лигата на шампионите со победа, а вашата поддршка ни значи многу. Ние би биле ништо без навивачите и повторно ви благодарам за поддршката“, рече Гвардиола.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.