SportM
Фудбал

Госпоѓата со телефонот во рака денеска го комплетира хит трансферот вреден повеќе од 80 милиони евра

Д М18 јул 2022
Госпоѓата со телефонот во рака денеска го комплетира хит трансферот вреден повеќе од 80 милиони евра

Рафаела Пимента се надева, како и сите други, дека работата наскоро ќе биде завршена.

 

Токму вчера како гром од ведро небо дојде веста за трансферот на Матијс де Лигт од Јувентус во Баерн. Старата дама ја прифати наводната понуда на Баварците од преку 80 милиони евра и Холанѓанецот по секоја веројатност ќе биде второто големо засилување на Баерн по Садио Мане ова лето.

Како што најави трансфер гуруто Фабрицио Романо, Де Лихт договорил се со Баерн и ќе потпише петгодишен договор и со тоа ќе ја засили бековската линија на германскиот шампион.

Веќе подолго време се водат преговори меѓу двата гиганти на светскиот фудбал. Торинскиот гигант одби неколку понуди кои беа пониски од очекуваното, но Хасан Салихамиџиќ беше категоричен да го доведе 22-годишниот Холанѓанец на „Алијанц Арена“.

Матијс де Лигт пристигна во Јувентус пред три години од Ајакс за 85 милиони евра. Во Торино не блескаше премногу, но главно беше стандарден член на првата постава. Вкупно, Де Лигт одигра 117 натпревари за Старата дама и постигна осум гола.

 

На неговиот трансфер работи Рафаела Пименто, која по смртта на познатиот агент Мина Раиола доби овластување да префрли многу големи играчи од агенцијата на Мина.

 

Рафаела денеска е видена во Торино каде наводно ја комплетира документацијата за финализирање на трансферот на Де Лигт во Баерн.

 

Бразилката е професорка по право, а со Раиола работела 18 години. Таа беше ретка личност на која Мино и дозволуваше да биде блиску до него при извршувањето на сите овие задачи. Летово таа беше одговорна за трансферот на Ерлинг Халнд во Манчестер Сити, а моментално е вклучена во кариерите на други играчи како Пол Погба, Златан Ибрахимовиќ, Нусаир Мазрауи и Рајан Гравенберч, кои интересно ги одведе во Баерн, како Де Лихт.

 

Ибрахимовиќ потпиша нов договор со Милан, додека Погба се врати во Јувентус.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.