SportM
Фудбал

„Гостувањето на Челзи е најтешката задача во светот на фудбалот“

Д М22 окт 2021
„Гостувањето на Челзи е најтешката задача во светот на фудбалот“

Менаџерот на Норвич, Даниел Фарке е убеден дека не постои потешка задача во светот од посетата на Челзи.

Норвич во сабота на Стемфорд Бриџ ќе се сретне со лидерот во шампионатот.

„Тој натпревар нема да ја реши нашата сезона, но можеби ќе не охрабри “, изјави германскиот стручњак.

„Посетата на Челзи е веројатно најтешката задача во светот на фудбалот. Сепак, нема сигурен исход во фудбалот“.

Фарке го пофали и својот сонародник и колега Томас Тухел.

„Тој е еден од најдобрите тренери на планетата. Неговото „CV“ го потврдува тоа. Работевме заедно во Дортмунд. Сега и двајцата сме зафатени. Не ни е лесно да се помириме со обврските и да одиме на кафе“.

Натпреварот меѓу Челзи и Норич е закажан за в сабота од 13 часот и 30 минути. Тоа ќе биде дуел меѓу лидерот и тимот кој е последен на табелата.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.