Готова работа, Арсенал го продаде стоперот!
Д М5 мај 2023

Пабло Мари (29), фудбалер кој оваа сезона е позајмен во Монца од Арсенал, и по завршувањето на оваа сезона ќе остане во Италија.
Тој ќе игра во Монца, која реши да го откупи неговиот договор, а цената е 6 милиони фунти.
Убава сума за Арсенал, имајќи предвид дека не е во плановите на Микел Артета, но е слична на онаа за која пристигна во Арсенал, а пристигна за 6 милиони евра.
Сезонава е еден од најстандардните играчи на Монца, кој игра одлично, одигра вкупно 27 натпревари во сезоната, од кои 26 во Серија А.
Во текот на својата кариера, Мари играше за Мајорка, Гимнаст, Манчестер Сити, Жирона, Бреда, Ла Коруња, Фламенго, Арсенал и Удинезе.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



