Готово: Абрамович во петок купува нов клуб!

Роман Абрамович останува во фудбалот, а во петок ќе го официјализира купувањето на нов клуб откако мораше да го напушти Челзи поради случувањата во Украина и инвазијата на Русија.
Абрамовиќ во петок попладне ќе го официјализира купувањето на екипата на Гезтепе која сезонава се бори за опстанок во турската Суперлига.
Медиумите во Турција пренесуваат дека ова ќе биде еден од најголемите потези во историјата на турскиот фудбал и дека тимот од Измир наскоро би можел да се приближи до врвот на турскиот фудбал, секако се зависи од тоа колку брзо Абрамович ќе инвестира во овој клуб основан во 1925 година.
Гезтепе во тековната сезона е на 18-та позиција со 27 освоени бодови, што е девет помалку од зоната за спас, па во последните седум кола им треба чудо за опстанок во елитата.
Ќе видиме дали ќе има голем шок во пехарите на Абрамовиќ. Русинот има долгорочни планови со тимот од Измир, па евентуалното испаѓање нема многу да го допре рускиот милијардер, кој веројатно се би насочил кон враќање во елитата од следната сезона, а потоа и напад на врвот на турскиот фудбал.



