Готово е, Вардар остана без најдобриот, Мато го облече дресот на Хартс (ВИДЕО)
E R29 јан 2026

Наместо во летниот преоден рок, Роџерс Мато, најдобриот фудбалер на Вардар се сели во Хартс во зимскиот преоден рок. Тој веќе го облече дресот на новиот тим. Хартс веќе го промовираше, а според говорот Мато во следните шест месеци како позајмен играч од Вардар ќе настапува за новиот тим, а потоа кога ќе му заврши договорот, ќе потпише тригодишна соработка со Хартс.
Мато во досегашниот тек од сезоната во ПМФЛ постигна 12 голови и го дели првото место на листата на стрелците со Сампаоре Басироу од Струга Трим Лум.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



