SportM
Фудбал

ГОТОВО – Јунајтед има нов голман, Камерунецот го замени Де Геа!

Д М20 јул 2023
ГОТОВО – Јунајтед има нов голман, Камерунецот го замени Де Геа!

По 12 години минати во Манчестер Јунајтед, шпанскиот голман Давид де Геа го напушти „Олд Трафорд“, а негова замена на голот на англискиот гигант ќе биде Камерунецот Андре Онана.

Трансферот на Онана од Интер во Манчестер Јунајтед е комплетиран, а „црвените ѓаволи“ во текот на денот и официјално ќе го потврдат доаѓањето на еден од најдобрите светски голмани, а Камерунецот ќе отпатува во Њујорк на подготовки со новите соиграчи.

Онана минатото лето без обештетување пристигна во Интер од Ајакс, а од неговиот трансфер во Јунајтед, европскиот вицешампион ќе заработи 52.500.000 евра и уште 5.000.000 потенцијални бонуси.

Голманот од Камерун, роден 1996 година, ќе потпише петгодишен договор со Јунајтед и ќе заработува 7.000.000 евра нето по сезона.

За Интер фантастично бранеше. Камерунскиот голман на 41 натпревар во дресот на „нероаѕурите“ прими само 36 гола, а на 19 меча ја чуваше мрежата не допрена, со што му препорача на менаџерот на Јунајтед Ерик тен Хаг.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.