SportM
Фудбал

Готово, ПСЖ го менува тренерот, ова се кандидатите!

Д М25 мај 2023
Готово, ПСЖ го менува тренерот, ова се кандидатите!

Кристоф Галтие дефинитивно нема да биде тренер на Пари Сен Жермен следната сезона, пренесува угледниот и добро информираниот L’Equip.

Иако Галтие ќе го освои францускиот шампионат, челниците на клубот не можат да му го простат неуспехот во Лигата на шампионите и предвременото излегување од Баерн во осминафиналето.

L’Equip пишува дека деновиве клубот размислува кој да го наследи Галтие и да го предводи ПСЖ во голема реконструкција на тимот, во кој нема да бидат Лионел Меси и Нејмар, кои сигурно заминуваат на лето.

Првото име на листата со желби е тренерот на Рома, Жозе Мурињо. Со заминувањето во Париз, Португалецот би имал можност да се врати на најголемата сцена и повторно да се бори за титулата европски првак.

Конкуренти за работата во Париз се тренерот на Болоња, Тиаго Мота и Аргентинецот Марсело Гаљардо, кој е без работа откако ја напушти Ривер Плата.

Овие тројца веќе некое време се пробиваат низ медиумите, а новото име на списокот е Чаби Алонсо, кој неодамна изјави дека сака да остане во Баер Леверкузен, но ќе видиме што ќе се случи доколку навистина дојде повикот од Париз.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.