SportM
Ракомет

Грчки АЕК доби двегодишна суспензија, Алкалоид ќе мора да плати парична казна!

Редакција16 јун 2025
Грчки АЕК доби двегодишна суспензија, Алкалоид ќе мора да плати парична казна!

Фото: tv21m

Двегодишна забрана за настап во меѓунардните купови му изрече денеска Европската ракометна федерација (ЕХФ) на АЕК, поради одбивањето на грчкиот тим да го одигра реванш натпреварот во финалето на Европскиот куп против Алкалоид во Скопје.

Иако допатува во Скопје, тимот од Атина одби да се појави на паркетот во салата „Борис Трајковски“ на реваншот на 25 мај, незадоволни од бројот на гостински навивачи на кои им беше дозволен влез на трибините.

На грчкиот тим му е изречена и парична казна во износ од 20.000 евра.

ЕХФ воедно му изрече глоба и на Алкалоид во износ од 5.000 евра поради тоа што „не му ја обезбедил на АЕК бараната бројка влезници за гостински навивачи“.

Алкалоид победи на првиот натпревар во Атина со 29-25, а откако АЕК одби да го одигра реваншот, ЕХФ на 5 јуни го регистрираше натпреварот со службени 10-0 и му ја додели титулата на македонскиот тим.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.