Connect with us

Фудбал

Гризман „жртва“ по трансферот во Барса, на лето се преселува во Италија !?

Објавено:

Антоан Гриезман е скапо платен, но досега во Барселона тој не е ни сенка на играчот што беше во Атлетико Мадрид.

Гризман можеби не чека ниту втора сезона во Барселона, на лето оди во Италија на Меаца.

Одамна се шпекулира дека Барселона би можела да го донесе 22-годишниот напаѓач на Интер, Лаутар Мартинез на лето. Ваквите гласини стануваат се поинтензивни, при што италијанскиот „трансфер гуру“ Џанлука Ди Марцио тврди дека има потврда дека преговорите меѓу лидерите на Барса и Интер се веќе во тек.

Во неговиот договор со Интер, Мартинез има откупна клаузула од 111 милиони евра, валидна за клубови надвор од Италија, но се верува дека Барса не се подготвени да платат толку многу заради можни проблеми со „Финансиски фер плеј“. За Барселона се шпекулира дека е подготвена да плати до 100 милиони евра.

„Тутупосрт“ денес пишува дека Барселона затоа е подготвена да понуди на Интер неколку фудбалери за да ја намалат цената на можниот трансфер на Мартинез.

Барселона има на ум фудбалери како што се Артуро Видал, Карлес Алена, Филипе Кутињо и Жан-Клер Тодибо, но сепак „Тутупосрт“ пишува дека Интер има сосема различни планови.

Италјаните, наводно, планираат да го бараат Антоан Гризман во замена за Мартинез – ако трансферот воопшто биде договорен.

Дали Барселона е подготвена да се откаже од Гризман во моментов е големо прашање, исто како и во кој формат би се случил евентуалниот трансфер – кој би требал да плати и колку?

Сепак, Интер би можел да биде одлична можност за Гризман да „оживее“.

Ќе биде интересно да се види како ќе се развива ситуацијата со Барселона, Интер, Гризман и Мартинез …

Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама