Гринвуд со кауција излезе од затвор

Младиот англиски фудбалер Мејсон Гринвуд е ослободен од затвор со кауција и ќе биде на слобода додека трае истрагата за наводите дека силувал и физички нападнал девојка.
Гринвуд беше уапсен во неделата под обвинение за силување и физички напад. Набргу потоа во јавноста се појавија вознемирувачки фотографии и аудио снимки од целиот настан во кој наводно била нападната осумнаесетгодишна девојка.
Тогаш му беше продолжен притворот, поради обвинение за сексуален напад и закана за убиство.
Тој беше ослободен со кауција во средата. Се вели дека 20-годишникот е во бегство додека трае истрагата.
Манчестер Јунајтед соопшти дека фудбалерот е суспендиран и нема да учествува во активностите на клубот до следна наредба.
Од „Олд Трафорд“ најавија и дека не одобруваат насилство од каков било вид, и дека нема дополнително да коментираат за случајот додека не заврши процесот.



