Гризман постигна договор со Барселона, познато дури и колку ќе заработува

Барселона беше пред две недели на неверојатен начин отпадна од Лигата на шампионите, а тимот кој ги испадна беше Ливерпул.
Веднаш по елиминацијата почнаа разни шпекулации за реконструкцијата на Барселона, како и новиот тренер.
Странските медиуми објавија дека Гризман постигнал усмен договор со Барселона и од следната сезона ќе игра за нив.
Според истиот извор, Французинот ќе заработува околу 17 милиони евра во првата сезона, во втората година уште еден милион повеќе, а во третата година 19 милиони евра.
Каталонскиот клуб, наводно, се согласил да му плати на Атлетико Мадрид 120 милиони евра за доведување Гризман.
Тој се согласи на одредено намалување на платата со цел да го зајакне тимот на Барселона, и ќе биде интересно како ќе се одвиваат работите во наредниот период.



