SportM
Фудбал

Гвардиола: Бевме многу блиску до победа над Тотенхем

Д М4 дек 2023
Гвардиола: Бевме многу блиску до победа над Тотенхем

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола го коментираше нерешениот резултат со Тотенхем во дербито од 14. коло на Премиер лигата.

Двете екипи вчеравечер одиграа 3:3. Манчестер сити водеше со 2:1 и со 3:2, но прими гол во 90. минута.

– Бевме многу блиску до победа. Така беше и со Челзи и со Ливерпул. Имавме многу шанси, но не ги реализиравме. Игравме добро, но за жал не победиме. Понекогаш се случуваат грешки во фудбалот, изјави Гвардиола за „Би-би-си“.

Манчестер сити ремизираше на третиот натпревар во низа. Тимот со 30 бодови е на третото место во поредокот во Премиер лигата.

Граѓаните кои ја бранат шампионската титула во англискиот фудбалски шампионат на 6 декември ќе се сретнат со Астон вила.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.