Гвардиола би можел да има нов ангажман на лето!

Пеп Гвардиола би можел да ја напушти клупата на Манчестер Сити.
„Граѓаните“ играат многу послабо во оваа сезона од претходните сезони и се чини дека полека дојдед и заситеноста на Пеп Гвардиола.
„Дејли експрес“ тврди дека каталонскиот стручњак би можел да го напушти клубот уште лето, наведувајќи го францускиот ПСЖ како негов нова средина.
Наводно, раководството на клубот од Париз е подготвено да вложи огромна сума пари во доведување на Гвардиола и ќе се обиде да го ангажира наместо Томас Тухел.
Договорот на Пеп со Сити е до 2021 година. Сепак, факт е дека Гвардиола не престојува во ниту еден клуб повеќе од четири години досега и постои голема веројатност дека ќе ја смени средината во текот на летото.
ПСЖ изгледа како прилично нормална опција за Гвардиола, но ниту Сити не се откажува, а раководството на „Етихад“ ќе му понуди продолжување на соработка.
Гвардиола во последните три и пол години освои вкупно седум трофеи со Граѓаните, но најважниот – Лигата на шампионите – досега не е во витрините на Сити.



