Гвардиола до тренерот на Баерн: Да му се јавам на Меси и останатите, па кажете каде и ќе дојдеме

Поранешниот тренер на Баерн Минхен, но и на Барселона, Пеп Гвардиола упати честитки до германскиот тим за пехарот на Светското клупско првенство. Со ова Баерн освои шест пехари во една сезона. Претходно победија во ЛШ, првенството, Купот, Суперкупот и сега Светско клупско првенство.
Сегашниот менаџер на Манчестер Сити испрати интересна видео-честитка.
Менаџерот на Манчестер сити, испрати интересна видео-порака.
-Големи честитки до семејството на Баерн за овој сјајен успех. Големи честитки за Флик и играчите. Горд сум на нивното постигнување. Но, би сакал на Ханси да му кажам дека Баерн е вториот тим што освоил шест трофеи во една година. Пред вас тоа успеа да го направи Барселона. Би можел да им се јавам на Меси и останатите, па да одиграме натпревар за седмиот трофеј. Вие кажете каде, ние ќе дојдеме, порача Гвардиола.
#MiaSanMia ❤️ @PepTeam pic.twitter.com/Qd071AqQTb
— ??? FC Bayern ??? (@FCBayern) February 11, 2021



