Гвардиола е спасител на Куман: Поради Пеп, Холанѓанецот се уште седи на клупата на Барселона

Роналд Куман ја задржа својата работа во Барселона иако тимот игра навистина лошо на почетокот на сезоната.
Апсолутно сите очекуваа холандскиот тренер да добие отказ по минатонеделниот натпревар со Атлетико во Мадрид, но претседателот на клубот, Жоан Лапорта излезе во јавноста и го поддржа Куман.
“Куман останува тренер на Барселона. Заслужува доверба затоа што пред се е легенда на клубот. Ценам што се согласи да биде таму во овие тешки времиња”, рече Лапорта, додавајќи:
“Куман продолжува да работи без разлика на вечерашниот резултат. Го сака клубот и ги има сите референци за да биде таму”, истакна претседателот на Барселона.
Денес, каталонскиот весник Спорт носи информации што се навистина неверојатни. Наводно, Пеп Гвардиола е заслужен за Куман кој се уште има работа на Камп Ноу.
Наводно, Лапорта одлучил да го задржи Куман на клупата откако разговарал со Гвардиола, кој станал негов неофицијален советник. Пеп го советуваше да го задржи Куман и претседателот на Барса на крајот се одлучи за овој потег.
Гвардиола исто така има одлични односи со Холанѓанецот. Тие често играат голф во Барселона, но изгледа неверојатно што Пеп на крајот ја задржа својата работа во клубот.
Барселона во моментов е деветта во шпанската лига со 12 бода, а во Лигата на шампионите има два порази и гол разлика 0-6 и без удари кон голот.



