Поврзи се со нас

Фудбал

Гвардиола го фали Мурињо

Дербито од 9-то коло на Премиер лигата утре го играат Тотенхем и Манчестер Сити.

Тотенхем одлично ја отвори сезоната и по осум одиграни кола со 17 бода се наоѓа на второто место на табелата.

Од друга страна, Сити не прави точно како што очекуваа во овој клуб и во моментов со натпревар помалку се наоѓаат на 10-то место со 12 освоени бодови.

Тоа ќе биде судир на двајца одлични стручњаци, кои се бореа во Примера кога беа тренери на Барселона и Реал Мадрид, а пред утрешниот дуел Пеп Гвардиола има само пофални зборови за Жозе Мурињо.

“Мурињо се снаоѓа одлично, како и секогаш со сите свои клубови. Каде би биле ако не загубеа бодови со Њукасл и Вест Хем во последните минути. Тотенхем е еден од кандидатите за освојување на титулата”, рече Гвардиола.

loading...

Facebook