Гвардиола го најави враќањето на Агуеро против Реал

Добрата вест доаѓа за навивачите на Манчестер Сити, а денес ја објави Пеп Гвардиола.
Менаџерот на „Граѓаните“ рече дека Серхио Агуеро се враќа и дека ќе биде подготвен за реванш дуелот од осмина финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид, иако изгледаше поинаку.
Агуеро се повреди во 31-то коло од Премиерлигата против Барнли. Се очекуваше подолга пауза, но сега работите се менуваат и Пеп може да направи пауза пред судирот со Реал во Лигата на шампиони.
„Конечно, можам да кажам со задоволство дека ќе го имам целиот тим на тренинзи пред Реал“, рече Пеп.
Сити го доби првиот натпревар како гостин со 2:1, а возвратниот натпревар е на 7. август. Пред тој натпревар, Сити утре од 17 часот ќе го одигра последниот натпревар од Премиерлигата против Норвич.



