SportM
Фудбал

Гвардиола го предизвика Клоп во изјава откако Салах беше прогласен за играч на годината

Д М29 апр 2022
Гвардиола го предизвика Клоп во изјава откако Салах беше прогласен за играч на годината

До крајот на сезоната во Премиер лигата ќе гледаме мртва трка за титулата меѓу Манчестер Сити и Ливерпул.

Ливерпул има многу добра сезона и Мохамед Салах повторно е главното „оружје“ во нападот на Ливерпул, па затоа е прогласен за играч на годината во Премиер лигата.

Тренерот на главниот ривал, Манчестер Сити, Пеп Гвардиола имаше иронична реакција кога слушна дека египетскиот напаѓач го добил ова признание.

 

„Јирген Клоп рече дека го имаат најдобриот голман во светот, дека го имаат најдобриот резервен голман во светот, најдобриот стопер, најдобриот заден играч од средниот ред, најдобриот напаѓач, па нормално е да ги освојат сите трофеи” рече Гвардиола.

Во моментов Манчестер Сити е водечки во Премиер лигата, со бод повеќе од Ливерпул на пет кола до крајот. Граѓаните имаат 80, а црвените 79.

 

Мохамед Салах е во одлична форма и игра уште една фантастична сезона. 29-годишниот напаѓач има 30 гола и 14 асистенции на 44 официјални натпревари оваа сезона.

 

Во елитната класа на англискиот фудбал на 31 одигран натпревар постигна 22 гола со 13 асистенции.

 

 

 

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.