SportM
Фудбал

Гвардиола го предупреди претседателот на Барселона: Не зборувајте премногу

Д М20 фев 2020
Гвардиола го предупреди претседателот на Барселона: Не зборувајте премногу

Пеп Гвардиола го предупреди претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу да не го впери прстот кон Манчестер Сити поради суспензијата од ЛШ за две години што УЕФА ја донесе минатата недела.

На прашањето за ставот на неговиот поранешен клупски претседател, тренерот на Сити, Гвардиола посочи дека и другите клубови во Европа имаат потенцијални проблеми.

Барселона ја поздрави одлуката на УЕФА да го казни Сити со исфрлување од ЛШ и казна од 30 милиони евра.

Реагирајќи на ставот на поранешниот клуб, Гвардиола рече: „Му велам на претседателот на Барселона, дозволете ни да се жалиме. Ние веруваме дека сме во право и ќе ја обжалиме одлуката“.

„Не зборувајте премногу, Барселона, не зборувајте премногу. Бидејќи сите се вклучени во такви ситуации понекогаш“, додаде тој.

„Но, ќе се жалиме и се надевам дека повторно ќе играме против Барселона во Лигата на шампионите“, рече тој.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.