SportM
Фудбал

Гвардиола: Имаме многу време да разговараме за мојот договор со Манчестер Сити

Д М9 фев 2022
Гвардиола: Имаме многу време да разговараме за мојот договор со Манчестер Сити

Пеп Гвардиола вели дека има „многу време“ да започне разговори за неговиот договор со Манчестер Сити. Самиот Каталонец потврди дека неговиот престој на „Етихад“ зависи целосно од резултатите на актуелниот англиски шампион.

51-годишниот Пеп има неполни 18 месеци од договорот со „граѓаните“, а повеќето играчи на тимот очекуваат менаџерот да го продолжи договорот со тимот.

Говорејќи на прес-конференција пред Брентфорд, Гвардиола рече: „Тука сум шест години и освоивме многу. Тука сум затоа што луѓето ме убедија. Ако останам подолго, ќе зависи од резултатите, ништо друго. Имам уште една и пол година од договорот, што е долго време во светот на фудбалот“, изјави Гвардиола.

Гвардиола има освоено 10 трофеи со Сити, од кои три во Премиер лигата, но успехот на тимот во Лигата на шампионите сè уште им бега. Тимот е на вистинскиот пат до четвртата титула во ПЛ, откако тимот има девет бода пред Ливерпул, но Мерсисајдерите имаат пасивен натпревар.

 

 

 

 

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.