Гвардиола: Имавме среќа, минавме, а сега сме во големи проблеми

По победата со 1:0 во првиот натпревар, со ремито во Мадрид против Атлетико (0:0), Манчестер Сити се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите.
Таму ќе игра против Реал Мадрид, кој го исфрли Челзи со вкупни 5:4. Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола даде неколку интересни изјави по натпреварот синоќа.
„Тие се шампиони на Шпанија, играат така, со многу енергија. Беа подобри од нас во второто полувреме, имавме среќа што не примивме гол. Во првите 45 минути имавме шанси, заслужено полуфинале“, изјави Пеп Гвардиола и додаде:
„Тие се тежок противник, сите тимови во Лигата на шампионите страдаат кога доаѓаат тука, успех е што ги поминавме. Не можеме секогаш да даваме четири или пет гола, и ние сме луѓе – доаѓаме од тешка игра против Ливерпул“.
Она што го загрижува Пеп Гвардил се повредите.
„Ние сме во голема неволја, не можеме да заборавиме дека игравме пред три дена, патувавме, дојдовме овде, сега имаме многу повреди и не знам што ќе се случи во наредните недели, но вечерва славиме бидејќи Манчестер Сити по трет пат е во полуфиналето на Лигата на шампионите.“ -заклучи Гвардиола.
Шпанскиот стручњак истакна и дека нема потреба да се зборува за тоа што го направиле фудбалерите на Атлетико, а не сакаше да ги коментира новинарските наводи дека Фил Фоден синоќа бил на мета на Јорганџиите.



