SportM
Фудбал

Гвардиола искрен: Ако не ја освојам Лигата на шампионите со Сити, ќе бидам сметам за губитник

Д М2 фев 2020
Гвардиола искрен: Ако не ја освојам Лигата на шампионите со Сити, ќе бидам сметам за губитник

Пеп Гвардиола има освоено неколку трофеи од пристигнувањето во Манчестер Сити, но сепак со овој тим го чека трофејот во Лигата на шампионите.

Гвардиола ја донесе титулата од Премиер лигата во Сити, но верува дека овој тим мора да ја освои Лигата на шампионите под негово водство.

„Минатата година беше одлична за нас, но луѓето ми велат дека не ја освоивме Лигата на шампионите. Значи, знам дека ќе бидам губитник ако не го освојам тој трофеј со овој тим“, рече Гвардиола.

Под водство на Гвардиола, Сити не го мина четвртфиналето од Лигата на шампионите и беа елиминирани од Монако, Ливерпул и Тотенхем.

Ќе биде интересно да се види дали Гвардиола ќе може да ја освои титулата оваа сезона.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.