SportM
Фудбал

Гвардиола: Јас сум критичен кон мојот тим, мојот шеф не е задоволен со мене

Д М15 јул 2020
Гвардиола: Јас сум критичен кон мојот тим, мојот шеф не е задоволен со мене

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола призна дека сопственикот на клубот, Халдун ал-Мубарак е незадоволен од неговиот настап оваа сезона.

Шеикот е огорчен за големата разлика на лидерот во пласман во Премиер лигата – Ливерпул, но сепак тој и Гвардиола веќе размислуваат во насока како да не дозволат тоа да се случи во новата сезона.

„Јас сум критичен кон мојот тим. Мојот шеф не е задоволен со мене. Завршивме 21 бод зад Ливерпул. Тој (сопственикот на Манчестер Сити) не е задоволен од мојата работа, но ние се обидуваме да ги подобриме нашите перформанси за следната сезона. Овој клуб е доволно солиден со и без Пеп. Тимот имаше успех пред да дојдам, со Манчини и Пелегрини – тие освоија многу титули и проповедаа навистина добар фудбал. Значи, дури и без мене, кога ќе го напуштам тимот, клубот ќе продолжи да расте“, прокоментира Гвардиола, потенцирајќи дека не знае кога ќе дојде овој момент.

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.