Гвардиола: Ќе ги искористам сите пет замени

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, за Скај Спорт изјави дека ќе ги искористи сите пет замени на секој натпревар, со цел да ги заштити играчите од повреди.
Денеска со почеток во 21:15, Сити ќе го пречека Арсенал, по тримесечната неочекувана пауза предизвикана од коронавирусот.
„Ќе ги искористам сите пет замени. Не знам колку минути ќе добие секоја од клупата, но тие сигурно ќе играат затоа што тоа е единствениот начин да ги заштитиме играчите во наредните два и пол месеци. Кога ќе стигнеме до завршните фази од Лигата на шампионите, единствениот начин да се избегнат повредите е да се ротираат сите играчи. Ќе биде прилично чудно на почетокот. Чудно беше додека трениравме и минувавме низ различните фази на ограничувања. Кога нема луѓе на стадионот, можете да се слушнете едни со други. И обично за време на еден натпревар никој не слуша никој. Тоа ќе биде чудно, но мислам дека по два или три натпревари ќе се навикнеме на тоа“, изјави Гвардиола за „Скај Спортс“.



