SportM
Фудбал

Гвардиола: Критиките во Шпанија се поостри отколку во Англија

Д М22 окт 2021
Гвардиола: Критиките во Шпанија се поостри отколку во Англија

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, смета дека тренерите се повеќе изложени на критики во Шпанија отколку во Англија и ја искористил приликата да му посака брзо враќање на фудбалот на Стив Брус.

Брус по отказот во Њукасл најави дека можеби нема да се врати во фудбалот поради критиките и насилството со кои се соочуваше додека беше менаџер на тој тим.

„Стив Брус и сите менаџери го сакаат она што е најдобро за нивниот тим. Никој не заслужува да се третира така. Стив е господин. Секогаш се грижеше за мене. Му посакувам се најдобро и би му рекол да не внимава на коментарите бидејќи се глупости. Сакам да се врати што е можно поскоро“, изјави Пеп.

Запрашан дали ситуацијата е полоша во Англија отколку во другите земји каде што работел, Гвардиола одговори:

„Не, тука е подобро. Во Шпанија е поинтензивно отколку во другите земји. Колку повеќе медиумите го следат фудбалот, толку повеќе се вклучени. Не гледам новинари овде секој ден. Можеби грешам. Слично е секаде, но кога се работи за насилство, не се работи само за медиумите. Кога победуваш, се е во ред, ако загубиш, лошо. Тие ве третираат во зависност од резултатите. Но, со социјалните мрежи е поинаку. Сите веднаш одат на Твитер. На секој му е дозволено да пишува грди работи“.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.