SportM
Фудбал

Гвардиола може да биде смирен: По Халанд, Сити завршува уште еден трансфер

Д М11 мај 2022
Гвардиола може да биде смирен: По Халанд, Сити завршува уште еден трансфер

Манчестер Сити потпиша договор со Ерлинг Халанд, но не само прекрасниот Норвежанец ќе го засили тимот на Пеп Гвардиола во летниот преоден рок.

Нов член на „граѓаните“ би можел да биде 23-годишниот португалски играч за врска Матеус Нунес, актуелен член на Спортинг Лисабон.

Португалските медиуми тврдат дека Сити веќе стапил во контакт со тимот од Лисабон за трансферот на овој фудбалер. Работата би можела многу брзо да се заврши и Гвардиола задоволно да ги трие рацете.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matheus (@matheusnunes73)

Цената на овој фудбалер е околу 30 милиони евра, што е многу прифатливо за Сити, кој има навистина огромни средства благодарение на богатите сопственици.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matheus (@matheusnunes73)

Матеус Нунес е роден во Рио де Жанеиро. Сепак, како 12-годишно момче дојде во Португалија и ја започна својата кариера во тимот на Ерикеиренсе.

Потоа помина една сезона во Есторил, а во 2019 година стана член на великаните од Лисабон, каде што игра навистина добро.

https://youtu.be/-IYUbSGg0iw

Одличните настапи му донесоа покана за репрезентацијата. За Португалија одигра пет натпревари, а сега очигледно следува голем трансфер.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.