Гвардиола повторно има неверојатна цифра за засилување

Манчестер Сити ќе му овозможи на менаџерот Пеп Гвардиола уште една голема набавка.
Шпанскиот стручњак влегува во својата последна сезона на клупата на „Граѓаните“ и очигледно сака да го заврши тоа на спектакуларен начин, така што ќе може да биде меѓу главните на трансфер пазарот ова лето.
Така, Гвардиола ќе има на располагање дури 300 милиони фунти за овој преоден рок, а планирано е за тие пари да бидат купени четворица фудбалери.
Приоритет е да се доведат двајца централни бранители. Гвардиола не е задоволен и сака да ја засили одбраната, а голем број фудбалери се поврзани со граѓаните, меѓу кои и Калиду Кулибали, Давид Алаба, Натан Аке …
Му треба и замена за Лерој Сане кој замина во Баерн, а четвртото засилување ќе биде и офанзивен играч, евентуално напаѓач.
Гвардиола сигурно ќе исполни одредени желби за следната сезона, а останува да се види дали Сити ќе успее да го отстрани Ливерпул од тронот.



