Гвардиола сака Компани да остане во тимот
Д М9 јан 2019

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, сака дефанзивецот Венсан Компани да гопродолжи договорот со клубот. Сегашниот договор на 32-годишниот Белгиец истекува на крајот од сезоната.
Дефанзивецот одиграл 338 натпревари за Сити од приклучувањето во 2008 година. Од 2011 година, Компани ја носи капетанската лената на тимот.
Репрезентативецот на Белгија е најуспешниот фудбалер во историјата на „граѓаните“, освојувајќи ја три пати титулата во Премиер Лигата, три пати Лига Купот и еден ФА Куп.
Запрашан дали Компани треба да остане, Гвардиола рече: „Би сакал да остане. Неговиот единствен проблем се повредите“.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



