Гвардиола среќен: Тоа е добро и се разбира, Клоп не се согласува!

Манчестер Сити го порази Ливерпул со 2:1 во големото дерби на Премиер лигата и стигна на четири поени зад Ливерпул.
Сити подобро го отвори натпреварот, доминираше во подолг период на натпреварот, а гостинската мрежа ја затресиа Агуеро и Сане.
Сигурно притисокот беше на домашните фудбалери кои беа под императив на победа.
„За нас секој натпревар е финале и знаевме дека битката за првак е завршена ако не славиме. Победивме и одигравме беспрекорно од првата до последната минута“, изјави тренерот Пеп Гвардиола Сити.
Тој истакна дека првенството во Англија долго време не е интересно, и дека победата на Сити може да ги израдува сите љубители на фудбалот.
„Не се сеќавам вака тешко да било некогаш. Има многу добри тимови. Јунајтед се дигна, Тотенхем многу го почитувам, но се разбира, постојат Челзи и Арсенал. Мислам дека овој резултат е одлична за Премиер лигата, но Клоп, се разбира, не се согласува со тоа“ , рече Пеп.



