Поврзи се со нас

Фудбал

Гвардиола вечерва без важен играч: Позитивен е на коронавирус, мора во самоизолација

Пред две недели Ријад Марез и Ајмерик Лапорт беа позитивни на коронавирус, а сега и на Германецот Илкај Гундоган.

Англискиот клуб објави дека Гундоган е позитивен на Ковид-19 и поради тоа германскиот фудбалер ќе биде во самоизолација следните десет дена.

Затоа Гундоган нема да биде во тим кој ќе игра на гости против Вулверхемптон вечерва на првиот натпревар на Сити, и најверојатно ќе пропушти вкупно три натпревари во новата сезона.

Тимот на Пеп Гвардиола, во четврток, треба да игра и против Бурнмаут во Карабао купот и со Лестер Сити во Премиер лигата во недела.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама