Гвардиола во неволја, Сити без Де Брујн го напаѓа трофејот светски првак?

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола денеска изјави дека се уште е неизвесно дали фудбалерот на неговиот тим Кевин Де Брујн ќе игра на Светското клупско првенство.
Де Брујн е пријавен за турнирот во Саудиска Арабија, кој започнува на 19 декември, но Белгиецот допрва треба да се врати на целосните тренинзи бидејќи продолжува да се рехабилитира по операцијата на мускулите во август.
„Почна да трча на теренот, но се уште не тренирал со нас. Светското клупско првенство е за две или три недели. Можеби е малку рано, но не знам“, изјави Гвардиола.
Де Брујн нема играно од 11 август и од натпреварот против Барнли, првиот за Сити во сезоната во Премиер лигата, кога беше заменет во 23. минута поради повреда.
Исто така, поради повреда мораше да го напушти мечот против Интер во финалето на Лигата на шампионите по 36 минути во јуни. Тој по тој дуел изјави дека пукнала тетивата.
Гвардиола изјави дека нема да избрзува со враќањето на 32-годишниот фудбалер.
„Кевин е многу важен. Но, за жал, во последните три или четири месеци имаше сериозна повреда. Нема потреба да се врши притисок врз него. Кога ќе се врати, ќе го пречекаме со раширени раце. Но, јас му реков на Тим, знаеш ли колку тешко се мачевме да ја освоиме тројната круна минатата сезона? Заостанувавме осум или девет бода зад Арсенал. Со сите проблеми со повредите што ги имавме“, рече тој.
Сити нема победа на последните четири првенствени натпревари, во средата загуби од Астон Вила (0:1), па заостанува шест бода зад првопласираниот Арсенал.
„Не заслуживме да ја победиме Вила, не ми треба време да се осврнам на тоа. Не ми треба: „Ох, можеби можеме да го направиме ова“. Сите треба да го направиме тоа заедно и ако Кевин е таму , да, ако не е, тоа е во ред. Можеби Родри не е таму и морам да најдам начин. Минатата сезона тој беше речиси секогаш таму и морам да најдам начин“, додаде Гвардиола.
Сити во недела ќе игра на гости кај Лутон.



