SportM
Фудбал

Гвардиола за драмата на враќање од Лисабон: Два пати се обидовме да слетаме во Манчестер, а потоа…

Д М18 фев 2022
Гвардиола за драмата на враќање од Лисабон: Два пати се обидовме да слетаме во Манчестер, а потоа…

Како гостин во Лисабон, Манчестер Сити победи со 0:5 против Спортинг во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Граѓаните благодарение на головите на Махрез, Силва (2), Фоден и Стерлинг веќе со една нога се во четвртфиналето на натпреварувањето, но по враќањето од Лисабон ги чекаше вистинска драма.

Имено, Велика Британија со денови има проблеми со бурата Унис, на која и претходеше бурата Дадли, а проблеми и направи и на експедицијата на Манчестер Сити која не можеше безбедно да слета во Манчестер.

Во пресрет на натпреварот со Тотенхем, за ситуацијата на прес-конференција зборуваше и тренерот на Сити, Пеп Гвардиола.

„Кога ги видовме различните снимки, изгледаше пострашно отколку што доживеавме во самиот авион. Имаше турбуленции и скокање, во еден момент слетавме, потоа повторно го слушнавме моторот и почнавме да полетуваме назад во воздухот“, тој рече.Гвардиола и продолжи:

“Мислев – во ред, нешто се случува. Сепак, имавме пилот кој беше одличен и навистина не смири. Се обидовме да слетаме во Манчестер двапати, но на крајот отидовме во Ливерпул. Пилотот беше навистина фантастичен. Сите се чувствувавме прилично непријатно, но не смири и безбедно не спушти на земја“.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.