SportM
Фудбал

Гвардиола: За мене и без титула Меси беше најголем

Д М21 дек 2022
Гвардиола: За мене и без титула Меси беше најголем

Пеп Гвардиола, тренерот на Манчестер Сити, на прес-конференцијата, меѓу другото, зборуваше и за тоа дали Лионел Меси го зацементира своето место како најдобар фудбалер на сите времиња со титулата светски првак со Аргентина.

Одличниот стручњак, кој работеше со Меси за време на неговиот мандат во Барселона, истакнува дека оваа дилема за него никогаш не постоела.

„Уште пред Мундијалот повторив дека Меси за мене е најдобриот фудбалер на сите времиња. Поради се што направи во последните 17, 18 години, неговата важност за нашиот спорт е огромна. Светската шампионска титула е шлаг на тортата на неговата кариера. Сепак, и да не го освоеше, моето мислење ќе беше исто“, вели Гвардиола.

Шпанецот додава дека им дозволува и на луѓето да имаат поинакво мислење.

„Често луѓето носат емотивни одлуки за тоа, и тоа е нормално. Некој што ги гледал Пеле или Марадона веројатно ќе каже дека се подобри. Секој има право да гледа на работите на свој начин“, заклучи Гвардиола.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.