SportM
Фудбал

Хакими: Не бев во плановите на Реал

Д М14 фев 2022
Хакими: Не бев во плановите на Реал

Пари Сен Жермен и Реал Мадрид во вторник навечер во Париз ќе го одиграат првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Еден од играчите кои ќе бидат во центарот на вниманието е Ашраф Хакими. Одличниот десен бек беше дел од помладите категории на Реал, играше за огранокот на Реал Мадрид во Кастилја, но никогаш не ја доби вистинската можност на „Сантијаго Бернабеу“.

Блескаше на позајмица во Борусија Дортмунд, но ниту тоа не беше доволно за Мадрид да го задржи. Го купи Интер, а по само една година заврши во Париз.

„Не знам зошто Реал не веруваше во мене. Имаа шанса да ме откупат по сезоната во Интер, но не сакаа. Јасно е дека не бев во нивните планови и тоа е во ред. Среќен сум сега во Париз и ќе направам се за да го поминам Реал“, изјави 23-годишниот Мароканец.

На прашањето колку е променет во однос на периодот кога беше во Реал, Хакими вели.

„Многу. Мислам дека созреав и како личност и како играч. Поодговорен сум во играта, имам повеќе искуство. Тоа го добив од некои работи кои едноставно доаѓаат со годините“, истакна Хакими.

Првиот меч на програмата е во вторник од 21 часот, додека реваншот е закажан за 9 март во Мадрид.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.