SportM
Фудбал

Халанд: Би сакал да се сретнам со Роналдо и да му кажам дека поради него сум фудбалер

Д М19 фев 2020
Халанд: Би сакал да се сретнам со Роналдо и да му кажам дека поради него сум фудбалер

Младиот напаѓач Ерлинг Халанд е вистински феномен во светот на фудбалот. 19-годишниот Норвежанец одигра вкупно 29 натпревари оваа сезона (Салцбург и Борусија Дортмунд) и постигна неверојатни 39 гола.

Во Лигата на шампионите, Халанд постигна 10 гола на седум натпревари, а неговиот последен одличен натпревар се случи синоќа кога ја однесе Борусија Дортмунд со два гола до победа (2-1) во првиот натпревар од 1/8 финале на ЛШ против ПСЖ.

По натпреварот, Халанд истакна дека неговиот идол Кристијано Роналдо исто така индиректно бил заслужн за неговиот успех.

„Би сакал да се сретнам со него и да му кажам дека сум фудбалер благодарение на него. За мене тој секогаш ќе биде пример”, рече младиот напаѓач, пренесува португалскиот „Рекорд“.

Патем, за време на тренингот на Борусија, Халанд е приметен како по головите и добрите потези ја „копираше“ славната прослава на Кристијано Роналдо.

Халанд веќе постигна 11 голови за Борусија (седум натпревари), но верува дека може да направи и подобро.

„Беше навистина добра ноќ. Среќен сум што сум играч на натпреварот, но чувствувам дека можам да направам многу подобро. На ова ниво, морам да играм подобро. Морам да работам напорно и да продолжам напред”, изјави Халанд синоќа.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.