SportM
Фудбал

Халанд денес го направи она што на малкумина им успеа во кариерата

Д М18 јан 2020
Халанд денес го направи она што на малкумина им успеа во кариерата

Ерлинг Халанд денес одигра само 34 минути за Борусија Дортмунд, но тоа беше доволно да направи шоу деби.

Норвешкиот фудбалер постигна хет-трик, со тоа што само Пјер-Емерик Обамејанг успеа да постигне хет-трик на својот прв настап во дресот на Борусија.

19-годишникот со право беше еден од најбараните млади играчи во последните месеци, привлекувајќи го вниманието кон себеси додека го носеше дресот на Салцбург, особено во Лигата на шампионите.

Во Дортмунд сега се радосни што го купија Халанд, а тој постигна дури три гола и беше заслужен за пресврт во Аугсбург (од 1:3 до 5:3) и направи нешто што ретко некој да го направи.

Тој постигна хет-трик оваа сезона во Лигата на шампиони, австриската Бундеслига, германската Бундеслига и во Купот на Австрија.

Вкупно, тој има постигнато 31 погодок и забележа седум асистенции на 23 натпревари оваа сезона. Сега, да уживаме во она што ќе го гледаме во наредните сезони од овој  Норвешки репрезентативец и секако еден од кандидатите за „Златната топка“ во наредните години.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.