Халанд договорил се со Сити? Се огласи и Пеп Гвардиола

Утринава Sky Sports објави дека Ерлинг Халанд постигнал устен договор со Манчестер Сити.
Халанд долго време се поврзува со најголемите европски клубови, а наводно Сити договорил се и ќе плати 75 милиони евра обештетување за Норвежанецот кој игра фантастично, поради што Реал Мадрид, ПСЖ, Барселона, Баерн, Сити, Јунајтед… го сакaa…
Се чини дека Сити е најконкретен и дека на лето во своите редови ќе има голгетер кој има само 21 година. Покрај големото обештетување на Борусија, Сити на играчот ќе му плаќа и по 500.000 фунти неделно, добар дел ќе добие и агентот Мино Раиола, а Борусија наместо тоа ќе го доведе Карим Адејеми од Салцбург.
Халанд беше само втора желба на Пеп Гвардиола по Хари Кејн, но Тотенхем не сакаше да слушне за понудите, па трансферот на Кејн пропадна, па Граѓаните веднаш почнаа со реализација на трансферот на Халанд и се чини дека успешно ја завршија работата.
Пеп Гвардиола одби да ги коментира последните гласини кои го поврзуваат неговиот клуб со Халанд.
Тој не сакаше ниту да го потврди ниту да го демантира она што утрово беше објавено во странските медиуми.
„Немам одговор на вашето прашање. Во моментов имам други грижи во главата и не можам да размислувам што ќе биде следната сезона“, изјави Гвардиола во пресрет на натпреварот против Брајтон во Премиер лигата.
Запрашан дали жали за неговиот избор на Вембли и поразот од Ливерпул во полуфиналето на ФА Купот, Гвардиола рече: „Не. Го разбирам мислењето на навивачите. Тие ја имаат целата моја почит да го дадат своето мислење, но мојот избор беше за многу причини“, рече Пеп.



