Халанд го брка Меси, Норвешка со втора победа и пласман во следната рунда (ВИДЕО)
Редакција23 јун 2026

Норвешка го победи Сенегал со 3:2 ноќеска во натпревар од второ коло во групната фаза на Светското првенство во 2026 година во второто коло.
Два гола за Норвешка постигна Ервинг Халанд, еднаш погоди Маркус Холмгрен Педерсен. За Сенегал двата гола ги постигна Исмаила Сар.
Франција и Норвешка се на првите две позиции во И-групата со обезбедено место во плејофот. Сенегал и Ирак се без освоен бод. Во третото коло, Франција ќе игра против Норвешка, додека Ирак ќе се соочи со Сенегал. Двете средби се закажани за 26 јуни.
За Халанд ова е четврти гол на два меча и е веднаш зад Меси, кој на два меча постигна пет голови.
СП резултати (вторник)
НОРВЕШКА – СЕНЕГАЛ 3:2
ЈОРДАН – АЛЖИР 1:2
ПОРТУГАЛИЈА – УЗБЕКИСТАН (19:00Ч)
АНГЛИЈА – ГАНА (22:00Ч)
Standings provided by Sofascore
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



