SportM
Фудбал

Халанд ќе заработи вистинско богатство во Сити

Д М9 мај 2022
Халанд ќе заработи вистинско богатство во Сити

Ерлинг Халанд ќе стане нов играч на Манчестер Сити.

Угледните германски и англиски медиуми објавија дека е постигнат договор меѓу сите страни и дека норвешкиот фудбалер од следната сезона ќе го носи дресот на „граѓаните“.

Борусија за овој трансфер ќе добие 75 милиони евра, а угледниот Џанлука Ди Марцио ја открива и цифрата што ќе ја добие одличниот напаѓач за потпишување на договор со Граѓаните.

Норвежанецот ќе игра за Сити во следните пет години. Годишно ќе заработува дури 30 милиони евра, односно за пет години на сметката ќе му легнат 150 милиони евра.

Исто така, Сити има и многу други трансфер трошоци. Договорени се исплатите на агентите кои ги договорил покојниот Мино Раиола, обврски кон таткото на фудбалерот, па комплетниот трансфер ќе чини околу 350 милиони евра.

Ерлинг Халанд оваа сезона за тимот од Дортмунд постигна 21 гол на 23 настапи, а за германскиот гигант има постигнато вкупно 85 гола на 88 натпревари.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.