Поврзи се со нас

Фудбал

„Халанд може да го достигне нивото на Меси и Роналдо“

Легендарниот Пол Сколс е убеден дека младиот Ерлинг Халанд може да го достигне нивото на Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Пред да се пресели во Борусија Дортмунд, се шпекулираше дека 20-годишникот може да премине и во Манчестер Јунајтед.

Сколс сега истакна дека „црвените ѓаволи“ треба да продолжат да се борат за него и да му дадат предност пред Џејдон Санчо.

“Халанд е сензационален. Верувам дека може да го достигне нивото на кое се Роналдо и Меси”, изјави Сколс.

“Никогаш не мислев дека Санчо е идеален избор за нашиот клуб, бидејќи веќе имаме такви играчи. Тој е добар и сигурно ќе напредува, но мислам дека на Јунајтед не му треба”.

Халанд има договор со Борусија до 2024 година.

 

Advertisement

Facebook

Реклама